Press "Enter" to skip to content

Прогласени најдобрите студенти на УКЛО – Битола

Во рамките на настанот промовирани се и најдобро дипломираните студенти на Универзитетот “Св. Климент Охридски“ од Битола од сите високообразовни институции. 

Најдобри студенти на УКЛО – Битола се прогласени:

1. Ивана Кривчевска, Факултет за информатички и комуникациски технологии –Битола, просечна оценка 10,00

2. Катерина Шулеска, Економски факултет-Прилеп, просечна оценка 10,00

3. Ивана Ристеска, Педагошки факултет-Битола, 9,97

4. Марија Наумоска, Технички факултет-Битола, 9,95

5. Љубица Трајкоска Факултет за биотехнички науки-Битола, 9,90

6. Ангела Босилковска, Технолошко-технички факултет-Велес, 9,89

7. Ангела Мицковска, Факултет за безбедност-Скопје, 9,82

8. Симона Јаковлеска, Факултет за туризам и угостителство-Охрид, просечна оценка 9,42

9. Викторија Гиноска, Правен факултет, просечна оценка 9,33

10. Ангелина Огненовска, Ветеринарен факултет, 8,38

11. Минел Азизоскa, Висока медицинска школа,просечна оценка 8,37.

Свое обраќање од имена најдобрите имаше дипломираната студентка Ивана Кривчевска од Факултетот за информатички и комуникациски технологии – Битола која рече:

-Почитувана министерке, Почитувани Ректори, почитувани проректори, почитуван претседател на Сенатот на УКЛО, почитуван генерален секретар, почитуван студентски правобранител на УКЛО, почитувана претседателке на универзитетското студентско собрание на УКЛО, почитувани декани, професори и сите останати кои ја следите оваа онлајн манифестација- грамадна е честа и привилегијата да се биде дел од оваа, свечена седница. Ми претставува задоволство да се обратам денес, во името на најдобро дипломираните студенти во академската 2019/2020 година и да се заблагодарам на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола и на сите негови единици за почитувањето и вреднувањето на трудот на студентите кои неуморно се залагаа и целосно вложуваа во последните неколку години за да станат она што денес им се признава – најдобри. Да бидам искрена, патот до ова признание не беше ниту краток ниту лесен, меѓутоа секоја препрека и потешкотија не учеше да бидеме посилни, да се справуваме со покомплексни ситуации и, недвојбено, придонесе да бидеме тоа што сме денес.

Им благодарам на сите кои учествуваа во организирањето на наставно-образовната дејност и целокупното академско функционирање. Им благодарам на сите професори кои се втемелувачи на нашето знаење, мотиватори и поддржувачина нас, студентите, за нивното залагање, менторство и целото споделено знаење. Им благодарам на семејствата на најдобро дипломираните за пружената можност и безусловната поддршка, како и за мотивацијата која ни ја даваа во текот на нашето развивање како академски граѓани. Им благодарам и на сите останати “backend” херои, без кои, oва денес немаше да биде возможно. Нашиот Универзитет подготви само уште една, од многуте досегашни и идни генерации на академски граѓани, спремни да го понудат својот професионален потенцијал, удел и пристап во светот при поделбата на интелектуалните знаења и вештини и со тоа да придонесат за негов развој и напредок.

За крај, ветуваме – бидејќи искрено веруваме, дека денешното јавно вреднување на нашите постигнувања ќе биде мотивација плус и нов поттик да продолжиме со уште поголеми напори и успеси, бидејќи достигнувањата никогаш не можат да бидат толку големи, за да не можат да се надминат со уште поголеми достигнувања.