Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: 41 годишен маж пронајден мртов кај стариот интернат кај Бела Чешма

Вчера во 08.25 часот во СВР Битола било пријавено дека во поранешниот интернат бил пронајден починат С.И. (41) од Битола.

Екипа на Итна медицинска помош констатирала смрт без видливи траги на насилство.

Увид извршила екипа од СВР Битола, а по наредба на Јавен обвинител телото било дадено за обдукција.