Денес, вторник, 8 декември, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Од попладне облачноста од запад ќе се зголемува и ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд. Во Битола максималната температура ќе биде 10 степени.
Утре, среда, 9 декември, во Битола времето ќе биде облачно со пообилни врнежи од дожд, на места поројни. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Во Битола максималната температура ќе биде 8 степени.






