Денеа на УКЛО – Ботола одржан е Еразмус + форум на којшто учествуваа еразмус координатори и претседатели на студентските собранија на единиците од Универзитетот. На настанот презентирани се наодите од Анализата за идентификување на капацитетите на ВОИ за новата финансиска рамка, Еразмус студентска картичка и дигитализација во високо образование. Форумот беше можност учесниците да се запознаат со новостите во програмата ЕРАЗМУС+ 2021 – 2027.
Предходно, директорот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Марко Ѓоргиевски оствари работна средба со ректoрот, проф. д-р Сашо Коруновски при што е нагласена важноста од размена на информациите и добрите искуства од Еразмус размените, бидејќи основната цел на Еразмус размената е студентот да ги сподели не само образовните,туку и културните, социјалните и сите други искуства со своите врсници.
Директорот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Марко Ѓоргиевски во изјава за медиумите посочи:
-Во 2020 година буџетот наменет за високообразовните институции во делот на индивидуални мобилности промеѓу програмски држави изнесува 2,469,660 евра. Вкупниот број на влезни студентски мобилности и пракси како и наставни наставни ангажмани во Р.С. Македонија преку програмата Еразмус + е повисок за разлика од излезните активности што ни дава за право да кажеме дека високообразовните институции во државата имаат капацитет да привлечат и странски студенти и професори, а со тоа и дел од европските образовни практики и процеси н еден формален и неформален начин да се пренесат и во Р.С. Македонија. Нашите студенти и професори најчесто своите Еразмус мобилности и пракси како и наставни ангажмани ги реализираат во Бугарија, Турција, Хрватска, Словенија, Италија, Шпанија , Португалија и Германија, додека влезни мобилности и наставни ангажмани се од Хрватска Германија, Полска, Италија, Бугарија, Турциј, Литванија и Словенија. Во тековниот период очекуваме да добиеме информација од колегите од ЕАЦЕА (извршната агенција за од образование, аудиовизуелни политики и култура) во врска со добитниците на Еразмус универзитетски повелби/еразмус чартери од Р.С. Македонија. Од вкупно 26 високообразовни институции во држаата, 24 аплицираа з еразмус чартери што ја покажува заложбата на домашните универитетски активно да учествуваат во програмата Еразмус + во периодот кој што следи. Воедно би сакале да нагласиме дека секоја високообразовна институција од држабата потребно е да има валиден еразмус чартер и да ги почитува основните постулати од повелбата/чартерот за високо образование за да може активно да учествува во програмата Еразмус+. Искрено се надеваме во периодот кој што следи да ја продолжиме соработката со Универзитетот Климент Охридски но и со сите акредитирани високообразовни институции од државата за да ја зајакнеме и надградиме интернационализацијата во високото образование. Очекуваме во следниот период продлабочување на соработката со државите од Европската Унија и државите од западен балкан преку почитување на европските и националните приоритети во делот на образованието, обуката и младите.
Проректорот на УКЛО и Еразмус координаторот, проф.д-р Марјан Ѓуровски во своето обраќање се осврна кон неколку носечки елементи поврзани со Форумот и напорите за зголемување на студентската мобилност и воедно поголемо искористување на фондовите и фидбекот што ќе го имаат на домашната економија:
-Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола денеска е домаќин на директорот на Националната агенција за образовни програми и академска мобилност, Марко Ѓоргиевски и неговиот тим и особено е значајно што на тој начин придонесуваме кон динамизирање и зголемување на активностите во врска со Европските образовни програми. Сите овие активности кои ги отпочнуваме и денешниот разговор е со цел подобрување на севкупните капацитети на Универзитетот и на факултетите,во зголемување и искористување на фондовите кои ги нуди Европската Унија, и се во функција на поголема интернационализација на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола и воедно, на тој начин, зголемување и споделување на искуствата и знаењата. Ние преку Еразмус плус Форумот и друга серија на активност очекуваме да се зголемат од почетокот на идната 2021 година, заедно со Националната агенција, за да се стекнат и надоградат знаењата околу новите правила и можности кои ги нуди Европската Унија и на овој начин, Универзитетот заедно со Националната агенција отвора еден прозорец кон информации со цел да го пробудиме интресот кај студентите за нивна мобилност во странство на универзитетите на земјите од Европската унија или пак во Регионот во посткорона периодот кој веруваме ќе се случи следната 2021 година. Особено е значајно и ќе посветиме внимание заедно со Националната агенција во престојниот период на фокусирање на елементот на искористување на Еразмус програмите и значењето и фидбекот што ќе го имаат на домашната, локалната економија. Верувам дека и локалните актери, локалната самоуправа и единиците во кои се наоѓаат нашите единици ќе ја препознаат вредноста и на тој начин заедно ќе се поддржуваме.
УКЛО ја препозна потребата од предвремено советување и подготовки заедничкит со Националната агенција. Зошто предвремено? Затоа што во престојниот период ќе дојде до значајно зголемување на Буџетот за Европските образовни програми, пред се во следните години, и тие ќе бидат ставени на располагање за аплицирање да се искористат и од македонскиот високо образовен систем. Средствата за програмата Еразмус на ниво на Европската Унија се зголемуваат, затоа што Европскиот Парламент инсистира на уште повеќе средства, а тоа значи дека заедно со Националната Агенција и Европската Унија ќе бидеме исправени со еден огромен предизвик: како соодветно да искористат средствата кој стојат на располагање на проекти со кој значајно ќе придонесеме кон развојот на земјата, регионот, ЕУ, науката и образованието. Значи, станува збор за финансиски средства што ќе бидат ставени на располање на образованието кои дали ќе бидат искористени зависи од нас.
Во Македонија за жал, овие средства кои и досега ги имавме не беа добро искористени, една од причините беше капацитетот кој не е доволно голем. Форумот е во функција на градење на капацитетите на Универзитетот Свети Климент Охридски како дел од мрежата на државни Универзитети во државата за да ги зголемиме апсорпциските капацитет за да можеме од следната 2021 година да ги искористиме благовремено средствата преку Еразмус плус програмата“.
Еразмус + Форум се одржа во организација на УКЛО и Националната Агенција за европски образовни програми и мобилнист.






