Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: се судрија автобус и автомобил на “Македонска фаланга“ двајца повредени

На 09.12.2020 во 22.40 часот во Битола, на ул.„Македонска фаланга“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „хундаи“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Н.Т. (41) од Горно Оризари и автобус „ман“ со битолски регистарски ознаки, управуван од Т.Д. (54) од Битола.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот Н.Т., додека со повреди се здобила сопатничката во автобусот К.Н. (25) од Битола, на кои им била укажана лекарска помош во Клиничка болница Битола.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Битола.