Денес, петок, 11 декември, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно, со врнежи од дожд во вечерните и ноќните часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура во Битола ќе биде до 9 степени.
Утре, сабота, 12 декември, во Битола времето ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд, а на повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. По котлините ќе има појава на утринска магла. Ќе дува слаб јужен ветер. Максималната температура во Битола ќе биде до 9 степени.






