Press "Enter" to skip to content

Временска прогноза: во Битола претежно облачно, со повремени сончеви периоди и краткотраен дожд

Денес, недела, 13 декември, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи времето биде претежно облачно, со повремени сончеви периоди и услови за појава на краткотраен дожд, на планините слаб снег. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималната температура во Битола ќе биде до 9 степени.

Утре, понеделник, 14 декември, во Битола времето ќе биде променливо облачно со повеќе сончеви периоди. Ќе биде ветровито и студено со умерен до повремено засилен северен ветер. Максималната температура во Битола ќе биде до 8 степени.