Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 741 тестирања, а регистрирани се 213 нови случаи на Ковид-19 од кои во Битола има само 2 случаи.
До сега во Битола има регистрирано 2.654 лица кои се или биле позитини на ковид-19, а денес има активни 843 случаи.
Институтот за јавно здравје денеска регистрира 632 оздравени пациенти од во Битола се 43 лица.
Починати се 26 лица, тројца од Битола на 80, 60 и 66 години во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 73.851, бројката на оздравени пациенти е 50.046, на починати е 2.147, а бројот на активни случаи изнесува 21.658.






