Press "Enter" to skip to content

Од денес вакцини против грип во ЦЈЗ Битола по цена од 800 денари

Од денес, 14.12.2020 во ЈЗУ Центар за јавно здравје Битола ќе започне вакцинација со комерцијални вакцини против сезонски грип. Вакцинацијата ќе се врши во просториите на ЈЗУ Центар за јавно здравје Битола со целосно спроведување на протоколите за заштита на населението од КОВИД-19, од понеделник до сабота од 14:00 до 19:00 часот, со претходно резервирање на термин.

Цената на вакцината е 800,00 ден.

Вакцината против сезонски грип е најефикасна заштита од ова заболување и се препорачува на целото население, особено на лицата кои припаѓаат на т.н. ризични групи: постари лица, лица со хронични болести, бремени жени и здравствени работници.

Вакцината не се препорачува на лица кои во моментот имаат симптоми на акутна инфекција (како покачена температура, треска, малаксалост), лица кои прележале КОВИД-19 пред помалку од 1 месец и лица кои се алергични на некоја од компонентите на вакцината (јајце, гентамицин и др.).

ЈЗУ Центар за јавно здравје Битола