Press "Enter" to skip to content

Денес во Битола 42 нови позитивни на ковид-19, оздравени 28

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.889 тестирања, а регистрирани се 865 нови случаи на ковид-19 од кои во Битола се 42 лица позитивни на корона вирус.

До сега во Битола има 2. 730 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 826 случаи.

Во последните 24 часа се направени во ЦЈЗ Битола 62 ковид-19 тестови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 641 оздравени пациенти од кои во Битола се 28.

Починати се 25 лица во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 75.597, бројката на оздравени пациенти е 51.493, на починати е 2.194, а бројот на активни случаи изнесува 21.910.