Press "Enter" to skip to content

Временска прогноза: во Битола мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер

Денес, четврток, 17 декември, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Претпладне по котлините ќе има појава на магла и ниска облачност, кои во текот на денот ќе се намалуваат. Температурата во Битола до 10°С.

Утре, петок, 18 декември, во Битола времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, претпладне со појава на магла и ниска облачност по котлините. Температурата во Битола до 9°С.