Press "Enter" to skip to content

Временска прогноза: во Битола претпладне со магла и значителна ниска облачност, попладне ќе се намалат

Денес, петок, 18 декемри, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде претпладне со појава на магла или значителна ниска облачност, кои попладне ќе се намалат. Во повисоките подрачја сончево со мала до умерена облачност. Температурата во Битола до 8°С.

Утре, сабота, 19 декември, во Битола времето ќе биде сончево со умерена облачност, по котлините со магла или значителна ниска облачност. Температурата во Битола до 7°С.