Православните верници од Битола во чест на својот патрон, Св. Нектариј Битолски, традиционално на денешен ден, 18 декември, од 2008 година, го празнуваа покрај со свечена академија, со богослужби и со литија низ улиците низ ценатрот на Битола, но денес таа нема де се одржи, а не се одржа и академијата која се одржува секогаш ден пред празникот.
-Не е дозволиво поради мерките за заштита да се има на едно место повеќе од четворица, нема да има литија во чест на Св.Нектариј Битолски, в црква ќе биде дозволено да се дојде но со почитување на мерките кои што се пропишани од страна на Владата, велат од Преспанско пелагониската епархија.






