Press "Enter" to skip to content

Временска прогноза: во Битола магла на повисоките места променливо облачно со сончеви периоди

Денес, сабота, 19 декември, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, по котлините со магла или значителна ниска облачност која попладне ќе се намалува. Температурата во Битола до 8 степени.

Утре, недела, 20 декември, во Битола времето ќе биде значително облачно и претежно тивко, по одделни котлини со појава на магла. На југоистокот ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Температурата во Битола до 8 степени.