Press "Enter" to skip to content

Деновиве пред 10 години: што имавме во Битола пред Нова година во 2010, а го немаме денес, рајат кафе, подароци, коктели, театар на плоштад…

-Денес кога живееме во нова (не)нормалност можеме да се присетиме на тоа какво ни било расположението пред Новогодишните и Божикните празници во Битола, а сега го немаме, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новонарство, кој со носталгија раскажува за едни не така дамнешни времиња.-Јас како дел од ризичната група најголем дел од март до денес го поминувам дома или со мал број на мои блиски, а секако дека и најголем дел од граѓаните на Битола така ги врват деновиве. Но, кај сите нас се јавува мерак по некои времиња од пред една или две години, но поради тоа што во рубриката раскажувам за пред 10 години со помош на моите помлади колеги ќе пробам да Ве вратам во 2010 година, како беше пред Нова година, вели Миновски.-Прво ќе се вратам на рајатот кога безгрижно уживавме во кафе, а потоа понесени од атмосферата не ретко “вртевме на жестоко“, за продолжувавме на скара и вино…, а сега кафе со еден или двајца, а кафеани нема, затвораат до 18 часот а да се седи на маса со еден или двајца не е како порано…-Имаше донации од сите, а тука предничеа локалните ротари клубови, кои безгрижно ги посетуваа многу институции, а дури и во детското одделени во болницата, а тоа сега е невозможно.-За децата, нашите најмили млади сограѓани имаше театарски претстави на “Магнолија“ каде ги гледаа и преку детските претстави и се едуцираа за театар…-Многу коктели, забави, пријателски дружења кои ги јакнеа тимскиот дух кај вработените или како сега велиме модерно “тим билдинг“, многу нови пријателства за Нова година, многу нови бизниси, многу договори…

-Но, за жал сега тоа само сега е далеку од нас, ние само ќе се сеќаваме на убавите денови пред Нова година, и ќе се надеваме на тоа дека сето ова ќе биде за брзо далеку од нас, како лош сон на кој не ќе сакаме дури и да се сеќеваме, вели со многу емоции Димче Миновски

More from БитолаMore posts in Битола »