Press "Enter" to skip to content

“Стрежево“ – Битола нема да купува новогодишни календари и нотеси, средствата ќе ги донира на деца со аутизам

Новогодишните празници се традиционално време на дарување, а “Стрежево” од Битола одлучи со хуманост да ја испрати 2020 година, во која заради епидемијата на коронавирусот, сфативме дека поддршката кон општеството е најпотребна.-Денес, со цел да ги развеселиме и стоплиме срцата на децата со аутизам, во овие студени зимски денови, им доделивме финансиски средства и новогодишни подароци. Ваквиот настан е во насока на заложбите на претпријатието да се демонстрира хуманост, социјална инклузија на сите членови на општеството, но и да се посвети внимание на оние на кои им е потребна топлина, разбирање и поголемo внимание во пресрет на престојните празници”, изјави директорот ЈП “Стрежево“ – Битола, Менде Граматковски.-Средства се обезбедени од сопствени ресурси, преку пренамена на предвидените средства за рекламен новогодишен материјал, а со цел да придонесеме дечињата да почуствуваат дел од празничната магија на Новогодишните и Божиќните празници. Апелираме сите институции да го следат нашиот пример, бидејќи секое дете заслужува насмевка во магичните празнични денови, додава Граматковски.