
Ѓуро Илиќ од Битола е основач на будо-центарот од Битола, џудо мајстор 6 Дан и аикидо мајстор 7 Дан, преку неколку фотографии ќе покаже како да се одбраните од напад, кога напаѓачот ве напаѓа при излегување од возили, со примена на техника од реален аикидо.
Одбраната при напад кога излегувате од моторно возило, се состои во неколку фази, а првата фаза е со левата рака да го блокираме ударот. Потоа со десната рака пласираме удар во глава и продолжуваме со избивање на наговата десна нога со нашата десна нога.Во последната фаза од одбраната го рушиме напагачот на тлото и до десната рака нанесуваме удар.
На фотографиите прикажана е одбрана со примена на техника од реален аикидо, кои се снимени во поранешниот филмски град во Битола.






