Станува збор за VACUSLIM INARIE, нова техника која користи наменски обликуван елемент направен од комбинација на пониклуван челик и бакар. А терапевтите кои тоа го работат во “БОДИ М“ во Битола, поминаа низ специјален тренинг. Деновиве ги посетивме.
Која е главната цел на оваа револуционерна масажа ја запрашавме Марија Каревска која го предводи тимот на терапевти во овој наш водечки битолски центар за убавина?

-Имаме полесен пристап до местата кои тешко се преобликуваат. Ние терапевтите тоа посебно добро го знаеме, дека едноставно има делови на телото кај кои потешко оди напредувањето, а клиентите очекуваат резултати поеднанкво. Овој третман од тој аспект е навистина откритие. Постигнуваме и долготрајни и брзи корекции на облините зафатени со масни наслаги и целулит, што е цел на секоја наша услуга. Клиентите кои го пробаа се воодушевени. За многу пократко време добиваат брзи и видливи резултати. И што е најважно ова е сосем природна и безбедна процедура.
Кои се главните бенефити од VACUSLIM INARIE?
-Има повеќе, но ќе ги споменам најважните. Се постигнува силна лимфна дренажа, се елиминира целулитот и масните наслаги на многу брз и ефективен начин, се прави фантастичен лифтинг на кожата која видливо се зацврстува и затегнува, се дефинира фигурата, се прави ремоделирање на несразмерните регии, едноставно се ваја телото, како кога вајарот прави совршена скулптура. И тоа на деловите кои се најважни за естетски изглед на клиентот, а тоа се струкот, стомачната регија, надлактиците, таканаречените јавачки пантолони, а се прави подигнување на задната регија.
И ова не е само една процедура, туку со оваа иновативна направа има повеќе опции кои како третмани ги нудите?
Да, освен корекција на фигурата и антицелулитните масажи, има и лифтинг масажи, има и фитнес масажа која го подготвува телото на спортски активните клиенти пред тренинг кое е посебно ефикасно нешто, има и масажа за поместување на ткивата. Едноставно револуција на полето на масажите. да дополнам дека VACUSLIM INARIE е третман кој одлично се вклопува со мадеротерапијата и класичните масажи.
Сите ги интересираат резултатите, кажете ни колку третмани се потребни за резултати?
-Тука слободно можеме да зборуваме за видвливи резултати уште на првиот третман. Клиентот чувствува едно големо олеснување, полетност од оваа интензивна лимфна дренажа. И затегнувањето и пеглањето на кожата се гледа веднаш уште на првиот третман. Вкупниот број на третмани го определува терапевтот, но за постигнување на цели кај личности со поголем проблем на масни наслаги и целулит е потребно помеѓу 6 и 12 третмани. Толку е убаво чувството после третманот, што едноставно едвај чекате до следниот третман. Време е да дојдете во БОДИ М, овде чекорат многу напред во примена на светски нови методи од областа на козметологијата.






