Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.562 тестирања, а регистрирани се 758 нови случаи на Ковид-19, од кои во Битола 23 лица се позитивни на корона вирус.
Досега во Битола имало 2.889 лица кои се или биле позитивни на ковид-19, а активни се 683 случаи.
За 24 часа направените преку ЦЈЗ Битола се 32 тестови за ковид-19.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 944 оздравени пациенти од кои во Битола се 53 лица.
Починати се 26 лица, двајца од Битола на 77 и 69 години во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид- дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 79.190, бројката на оздравени пациенти е 56.099, на починати е 2.340.






