Press "Enter" to skip to content

Временска прогноза: во Битола магливо, на повисоките места сончево во мала облачност

Денес, среда, 23 декември, времето во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи на Макединија ќе биде со појава на магла, а на повисиките места сончево со мала до умерена облачност и малку потопло во однос на вчера. Температурата во Битола до 7°С.

Утре, четврток, 24 декември, во Битола времето ќе биде магливо или значителна ниска облачност, а на повисоките места сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Температурата во Битола до 9°С.