Денеска, 23 декември, во Битола, полициски службеници од СВР Битола извршија претрес во домот на 38 годишник од Битола, при што се пронајдени 2.404 парчиња пиротехнички средства, а лицето каде што е пронајдена пиротехниката е приведено.
Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.






