Во последните 24 часа се направени 2.206 тестирања, а регистрирани се 592 нови случаи на ковид-19, од кои во Битола се 24.
Починати се 21 лице, двајца пациенти од Битола на 64 и 85 години во болнички услови.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 691 оздравени пациенти, а од Битола се 47 пациенти.
Досега во земјата се направени вкупно 388.485 тестирања на Ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 80.407, бројката на оздравени пациенти е 57.434, на починати е 2.375, а бројот на активни случаи изнесува 20.598.






