Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.892 тестирања, а регистрирани се 489 нови случаи на ковид-19 од кои во Битола се 13 нови позитивни на корона вирус.
Со овие бројки досега во Битола 2.947 лица биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 624 случаи, а денес во ЦЈЗ Битола се направени 34 ковид-19 тестови.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 748 оздравени пациенти од кои во Битола се 36.
Починати се 26 лица, двајца од Битола на 52 и 75 години во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 80896, бројката на оздравени пациенти е 58182, на починати е 2401, а бројот на активни случаи изнесува 20313.






