Press "Enter" to skip to content

Временска прогноза: во Битола претежно облачно со повремени врнежи од дожд

Денес, сабота, 26 декември, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Температурата во Битола до 14°С.

Утре, недела, 27 декември, во Битола времето ќе биде облачно со врнежи од дожд, на планините од снег, на места поројни. Ќе дува слаб до умерен, а повремено и засилен ветер од јужен правец.Температурата во Битола до 8°С.