Претседателот на Советот на Општината Битола, Валентин Груевски за денес, 28 декември 2020 година, со почеток во 10 часот ја закажа 67-та седница на Советот на Општината Битола. За разлика од претходните Седницата ќе се одржи во салата за седници на Советот.
На оваа последна седница во оваа година ќе се расправа по предлог Буџетот на Општина Битола за 2021 година, за платите на државните службеници и Советот на општина Битола.
За денешната седница е предложен следниот дневен ред:
1.Предлог-Буџет на Општината Битола за 2021 година.
2. Предлог-Одлука за извршување на Буџетот на Општината Битола за 2021 година.
3. Буџетски календар за 2021 година.
4. Предлог-Одлука за утврдување на вредност на бодот за платите на државните службеници за 2021 година.
5. Извештај за работата на Советот на Општината Битола за 2020 година.
6. Програма за работа на Советот на Општината Битола за 2021 година.






