Денес во новата изложбена сала во НУ Завод и Музеј во Битола беше отворена изложбата на фрагментите од резбарените тавани од битолските куќи, кои претставуваат дел од
етнолошката збирка на НУ „Завод и музеј“ – Битола, а чиј автор е Мери Стојанова.
-Изложените фрагменти според нивните уметничко – стилски карактеристики од крајот на XIX и почетокот на XX век. Секој од овие поединечни предмети, во себе ги вткал, годините, настаните, или едноставно кажано животот, на оние на кои им претставувал закрила и од сонцето, но и од дождот, од денот, колку и од вечерта. Цветовите, формите, композициите имале потполна смисла само кога биле дел од целината. Само така секој од нив доаѓал до израз, и секој од нив имал своја функција и место, и без секој конкретен елемент би се изгубила целовитоста, и би се изгубила суштината, рече авторката Стојанова на отворањето на изложбата.
Една од улогите на музеите, е да го прикажува минатото низ приказни, низ концепти и контексти кои ќе го направат блиско и разбирливо за секој од нас, и што е најважно, кои нема да не остават рамнодушни.
Стојанова се осврна и на подот во новата изложбена сала во Музејот за што рече:
-Токму подот е клучниот елемент во овој дел од приказната. Имено паркетот кој е поставен под вашите нозе, под разиграните форми и бои на резбарените таваници, претставува дел од паркетот од Офицерскиот дом, по кој чекореле стотици жители на Битола се до 90-тите години на XX век. На овој начин, се надеваме успешно, зачувуваме уште еден дел од нашето минато и нашата традиција.
Изложбата за отворена ја прогласи градоначалничката Наташа Петровска која рече дека и е мило што во оваа новоотворена изложбена сала се отвора изложбата поврзана со битолската традиција.

Отворена изложбата “Резбарени тавани во градските куќи во Битола“ (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Трио „Интерарт“ со настап на фестивалот „Златна лира“
- Во Битола сончево со мала облачност, температурата до 15 степени
- Македонската филхармонија го изведе “Музички код“ во Битола (фотогалерија)
- Антонио Јолевски назначен за в.д. виш јавен обвинител во Битола
- Нов претседател на КК Пелистер е Јован Кузмановски





