Во последните 24 часа се направени 378 тестирања, а регистрирани се 46 нови случаи на ковид-19 а нема регистрирани нови позитивни во Битола од ковид-19.
Починати се 12 лица, во кои нема од Битола, а во болницата во Битола има 36 хоспитализирани.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 526 оздравени пациенти од кои од Битола се 9 пациенти.
Досега во земјата се направени вкупно 402.822 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 83789, бројката на оздравени пациенти е 62469, на починати е 2522, а бројот на активни случаи изнесува 18798.






