ЈКП “Водовод “ од Битола информира дека денес, недела, има дба дефекти на водоводната мрежа.
Првиот е на цевка F150 на улица “Прогрес“ во Битола, а поради тоа без водоснабдување беа село Поешево и улица “Индустриска“, а екипи на ЈКП “Водовод“ го санираа дефектот и водоснабдувањето е продолжено.
Вториот дефект на водоводнара мрежа на улица “Климент Охриски“ во Битола на цевка F80. Без водоснабдување се зградите позади Градската библиотека. Екипите на ЈКП “Водовод” се веќе на терен и работат на санација на дефектот и брзо враќање во нормална на водоснабдувањето.






