Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.543 тестирања, а регистрирани се 477 нови случаи на ковид-19 од кои во Битола се 15 лица позитивни на корона вирус.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 331 оздравени пациенти од Битола се 15.
Со денешните бројки во Битола до сега има 3.138 лица кои се или биле позитивни на ковод-19, а активни се 368 случаи.
Во ЦЈЗ Битола се направени 67 ковид тестови.
Починати се 10 лица, еден од Битола на 61 година во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 87590, бројката на оздравени пациенти е 68.695, на починати е 2.657, а бројот на активни случаи изнесува 16.238.






