Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2192 тестирања, а регистрирани се 396 нови случаи на ковид-19, од кои во Битола се 14.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 442 оздравени пациенти од кои во Битола се 11.
Со денешните бројки денес во Битола има вкупно 3.152 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 371 случаи.
Во Ценатрот за јавно здравје во Битола се направени 71 ковид тестови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 87986, бројката на оздравени пациенти е 69137, на починати е 2672, а бројот на активни случаи изнесува 16177.






