Стиховите на безвремениот евергрин на славниот холивудски актер и забавувач, Дин Мартин, најдобро го отсликуваа вечерашната вечер во Битола.
Но, иако времето асоцира на престој во топол дом, низ цела Битола, низ Широк Сокак, Шеталиштето, кај Саатот, Црн Мост, Бела Чешма, Ушици… снежна идила, а во која, за жал само малкумина уживаа, правеа фотографии, се санкаа…
По новогодишните празници животот како да се врати во нормала и секојдневната рутина. Така во денешниот студен ден, секој брзаше да ги направи секојдневните обврски.
Широк Сокак прекрасен во снежна идила секако прекрасна за вљубените. Оваа снежна идила со снегулки кои како да играат низ воздухот совршена за фотографирање и селфија.
Но, со мракот сите беа топлите домови и уживање во новогодишните светилки кои секако доаѓаат до израз и одговараат на овој снежен амбиент.
Иако празниците Коледе, Бадник, Божик и изреката “Пред Божик зад Божик дома да си“ ќе бидат совршени за празнување во домашна атмосфера со семејството, со овој вечерашен снег како да добија нова светлина.
И на крај за сите вљубени стиховите од евергринот кој за овие празници е секогаш во тренд иако е стар хит.
Oh, the weather outside is frightful
But the fire is so delightful
And since we’ve no place to go
Let it snow, let it snow, let it snow…
Слушајте го хитот и уживајте во снегот кој паѓа надвор.
Фотографии: Дамјана Ристевска






