Денес, петок, 15 јануари, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево со умерена облачност и студено. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Кон крајот на денот ќе настапи зголемување на облачноста, а во текот на ноќта ќе провејува слаб снег. Температурата во Битола до -2°С.
Утре, сабота, 16 јануари, во Битола времето ќе биде променливо облачно и студено со повремен локален снег. Ќе дува умерен северен ветер. Температурата во Битола до -4°С.






