Вчера вечер додека ја правевме фоторепортажата низ обилните снежни врнежи низ Битола не можевме да не го забележиме младото момче кое возеше велосипед по Широк Сокак, но не обично, туку низ снежната виулица.
Младиот битолчанец, тинејџер, по невремето и по лизгавите гранитни плочки низ Широк Сокак, го возеше својот “точак“ на едно тркало, како да е лето, “шо“ велат битолчани, како да е Петровден, а не Василица.
Момчето е храбро, но мора да напоменеме дека во такво невмере, мора да се води сметка и за безбедноста, а ова не беше ни малку безбедно.






