ЈП “Стрежево“ од Битола кое стопанисува со скијачкиот центар “Ниже поле“ известуваат дека поради големиот интерес и поволните временски услови како и квалитетот на патеката, вечерва за сите љубители на зимскиот спорт ќе има ноќно скијање.
Ноќното скијање ќе почне во 18.00 часот и ќе трае до 21.00 часот.
Од ЈП “Стрежево“ од Битола апелираат до граѓаните на почитување на сите протоколи за ковид 19.
Инаку, од денеска ски – центарот “Нижеполе почна со пробно скијање на ски патеката, а утре промотивно скијање.
За сите љубители на скијањето двата дена од викендот граѓаните ќе можат гратис да го користат ски лифтот, потврдуваат од ЈП “Стрежево“ од Битола






