Press "Enter" to skip to content

Формиран новиот општински комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Битола, гостин генералниот секретар на партијата Сајковски

Денес во посета на ОК ВМРО-ДПМНЕ Битола беше генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓија Сајкоски и организациониот секретар Никола Затуроски. Беше оддржан првиот состанок на новиот општински комитет и поканети гости од други партиски тела. По состанокот се огласија преку соопштение во кое се вели:

-Факт е дека Владата не успеа да ги реализира своите ветувања за Битола. Наместо напредок и развој, испорачаа лаги, корупција и очај. Предизборните ветувања ги почнаа токму од изградба на автопат од Битола за Скопје, но за жал не го реализираа. Во нивниот План за живот ветуваа и темелно реконструирање и опремување на Клинички центар во Битола, и тоа остана само план на хартија. Заев вети целосна гасификација на Битола до 2020, но процесот тапка во место. Се обврзуваа планинарскиот дом Копанки да го изградат и обноват, да биде дом кој своите услуги ќе ги нуди по пристапни цени, со што уште еднаш ги излажаа битолчани. Ветуваа изградба на модерна сообраќајна инфраструктура. Економијата и инвестициите беа главен дел на програмата на СДСМ, но во свој стил, ветија и излажаа

Следува период во кој, непосредениот контакт со граѓаните, отвореноста кон битолчани и блискоста со сите вас почитувани граѓани, ќе не донеси до нови успеси и победи. За поубава иднина на сите нас и нашите деца, тука во Битола и Македонија.