Press "Enter" to skip to content

ЈКП “Водовод“ Битола: дефект на водоводната мрежа кај “Север-Југ”, екипите на терен

Екипите на ЈКП “Водовод“ од Битола од раните утрински часови работат на отстранување на дефект на профил на цевка F150, на булевар  “Север Југ“ кој се случи синоќа во 23,50 часот.

Поради дефектот без водоснабдување се дел од станбените објекти на ул. “Север Југ“ и ул. “Нико Фундали“ во Битола,

Се очекува нормализирање во водоснабдувањето за неколку часа, информираат од ЈКП “Водовод“ од Битола.