Во последните 24 часа се направени 1.530 тестирања, а регистрирани се 190 нови случаи на ковид-19 од кои во Битола е регистриран само еден нов позитивен на корона вирус.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 2.009 оздравени пациенти од кои во Битола се 33.
Во ЦЈЗ Битола се направени 62 ковид тестови.
Во Битола вкупно до сега има 3.166 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 257 случаи.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 88938, бројката на оздравени пациенти е 73601, на починати е 2702, а бројот на активни случаи изнесува 12635.






