Press "Enter" to skip to content

Денес во Битола 7 нови позитивни на ковид-19, оздравени 4, починато едно лице

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.327 тестирања, а регистрирани се 400 нови случаи на ковид-19 од кои во Битола се 7.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 206 оздравени пациенти од кои во  Битола се 4 лица.

Со овие денешни бројки во Битола до сега има 3.174 лица кои биле или позитивни на ковид-19, а активни се 256 случаи.

Во ЦЈЗ Битола се направени 57 ковид-19.

Починати се 11 лица од кои еден пациент од Битола  на 66 години во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 89.392, бројката на оздравени пациенти е 73.983, на починати е 2.726, а бројот на активни случаи изнесува 12.683.

 Инфективна клиника-0, ГАК-0, Синлаб-33, Ремедика-24, лабораторија болница Козле-20, ЈЗУ (рапид тест) -642, УК Пулмологија со алергологија –6, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 434.568 тестирања на Ковид -19.