Денес, престанува да важи рестриктивната мерка за угостителите. Тие ќе може повторно да работат до 21 часот, но, дали ќе има продолжување за уште два часа, до 23:00, како што бараат, ќе се знае идната недела.
Оваа одлука Владата ја донесе и со неа се укинува одлуката за ограничување на работното време на рестораните и другите угостителски објекти за работа до 18:00 часот што стапи во сила на 18 декември 2020 година.






