Press "Enter" to skip to content

Денес во Битола 4 лица нови позитивни на ковид-19, оздравени 11

Во последните 24 часа се направени 1.906 тестирања, а регистрирани се 356 нови случаи на ковид-19 од кои во Битола се 4 позитивни на корона вирус.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 587 оздравени пациенти од кои во Битола се 11.

Досега во земјата се направени вкупно 437.267 тестирања на Ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 89.817, бројката на оздравени пациенти е 75.387, на починати е 2.754, а бројот на активни случаи изнесува 11.676.