Press "Enter" to skip to content

Временска прогноза: во Битола сончево и релативно топло со умерена облачност, вечер дожд

Денес, понеделник, 25 јануари, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде во текот на денот сончево и релативно топло со умерена облачност и со умерен до засилен југозападен ветер. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд. Температурата во Битола до 12°С. 

Утре, вторник, 26 јануари, во Битола времето ќе биде претежно облачно и студено со локални врнежи кои можеби ќе преминат во снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 5°С.