Денес во Битола е регистриран само еден случај на позитивно лице на ковид-19 според информациите на министерството за здравство, кое информира дека во последните 24 часа се направени 677 тестирања, а регистрирани се 63 нови случаи на ковид-19.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 573 оздравени пациенти од кои во Битола се 7.
Со овие денешни бројки во Битола досега има 3.188 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 159 случаи.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 90717, бројката на оздравени пациенти е 78727, на починати е 2791, а бројот на активни случаи изнесува 9199.






