Денес, вторник, 26 јануари, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде облачно со повремени врнежи, а попладне ќе преминат во снег, но главно ќе слабеат по интензитет. Попладне и кон крајот на денот ќе дува силен северен ветер, што ќе услови нагло опаѓање на температурата. Температурата во Битола до 8°С.
Утре, среда, 27 јануари, во Битола времето ќе биде променливо облачно и студено со умерен до засилен ветер од северен правец. До крајот на денот облачноста ќе се намали. Температурата во Битола до 1°С.






