На 26.01.2021 во Полициска Станица Битола, П.К од Битола пријави дека во објект на ул. “Гоце Делчев“ во Битола, со дрвен предмет бил нападнат од едно лице, кое било со уште две лица. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 25.01.2021 во куќа на ул. “Илинденска“ во Битола бил нарушен јавниот ред и мир со карање, викање, дрско и непристојно однесување од 44 годишна жена од Битола која навредувала лице од Битола. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 25.01.2021 во Полициска Станица Битола, Р.Е. (36) од Битола пријави дека на ул. “Широк Сокак“ бил каснат од на куче скитник.
На 25.01.2021 во СВР-Битола, 22 годишна жена од Битола, пријави дека во нејзиниот дом во село Јакреново-Крушево по претходна расправија била во неколку наврати физички нападната од лице со кого живее во вонбрачна заедница .Се преземаат мерки за
расчистување на настанот.
На 25.01.2021 во СВР Битола , М.Ј. (57) од Битола пријавила дека во куќа на ул. “Тошо Даскалот“ во Битола има починато лице. Од увидот утврдено е дека се работи за лице на 68 возраст од Битола. Од екипа на итна помош е констатирана смрт без траги од насилна смрт.






