Основната организација на СДСМ од Битола денес го одбележа Меѓународниот ден за сеќавање на Холокаустот.
Цвеќе на споменикот на Холокаустот во Битола положија пратеничката од СДСМ во Собранието на РСМ, Бисера Костадинова Стојчевска, Претседателот на Форумот на пенизонери, Бранирод Михајловски, Претседателката на Форумот на жени, Татјана Крнчева и Претседателот на Локалниот клуб на Социјалдемократската младина, Петар Николовски.






