Кошаркарите на Пелистер на вечерашниот натпревар во Битола, во спорската сала “Боро Чурлевски“ му оддадоа посебна почит на неодамна починатиот Вања Георгиевски – Американецо, така што на загревање и до стартот на натпреварот носеа маици во негова чест.
Кошаркарите на Пелистер носеа маици на кои беше ликот на Вања, а на фотографијата беше додадена зелена детелина, знак кој го има на голем број на транспаренти на “Чкембари“ од Битола.
Гест на битолските навивачи кон Вања, кој без збор ја заслужи оваа чест и почит, како еден од најверните навивали на битолските клубови кои го носат името Пелистер.
Вања беше секогаш во спортската сала во Битола, без разлика дали таму се играше кошарка или ракомет, се до неговата ненадејна смрт неодамна.

Кошаркарите му оддадоа почит на Вања, “Чкембари-Битола се вечни, Вања е вечен“ (фото)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Најубава чкембе чорба направија и освоија прво место моторџиите од “Конзули“, Гран-при за “Корзо“ на првиот “Чкембе фест Битола 2026“ (фотогалерија)
- Започна првото издание на “Чкембе фест Битола 2026“, готвачи од Македонија, Турција и Унгарија утре ќе прават чкембе чорба (фотогалерија)
- Битола ја добива манифестацијата која и прилега “Чкембе фест“
- Деновиве пред 10 години: Во Новаци примовирана мобилна туристичка апликација (фото)
- Деновиве пред 10 години: пробивање и комплетна инфраструктура на “Широка“ во Битола (фото)





