Денес, петок, 29 јануари, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Во вечерните и ноќните часови ќе има повремени врнежи од дожд. Воздушниот притисок значително ќе опаѓа, за повеќе од 10 мерни единици. Температурата во Битола до 8°С.
Утре, сабота, 30 јануари, времето во Битола ќе биде претпладне со повремени врнежи од дожд, а во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен, северозападен ветер. Температурата во Битола до 8°С.






