Со панихида во гробиштата “Св. Недела“ во Битола и историски час, ВМРО-ДПМНЕ од Битола ја одбележа 70 годишнината од смртта на великанот на Македонската револуционерна борба Павел Шатев. По завршувањето на богослужбата во знак на почит беше положено и цвеќе на гробот на Павел Шатев, од страна на пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ – Олга Лозановска, претставници на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Битола, претседателот на УМС – Марко Јосифовски и други.
Историчарите Александар Јаневски и Горѓи одржа еден краток говор за животот и делото на Павел Шатев.
Павел Шатев целиот свој живот го посветил на Македонија и со своето дело давал пример како да се постигни целта, независна Република Македонија. Павел Шатев бил член на ВМРО, бил гемиџија и учесник во Солунските атентати и еден од основачите на ВМРО-Обединета. Учесник и делегат на АСНОМ и првиот министер за правосудство на Македонија. Павел Шатев бил осудуван и затворан од Османлиската власт, потоа од Бугарските фашисти, а и од властите во повоена Македонија. На 30 јануари 1951 година во Битола, го завршува својот живот.

Чествување по повод 70 години од смртта на Павел Шатев на Светонеделските гробишта во Битола (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- “Женски земјотрес“ создаде простор за музика што не прави компромиси
- Пелистер без финале, поразен од МЗТ во “мајсторката“
- Фестивалот “Нарцисот цути“ – приказна за љубовта кон природата, традицијата и културното наследство
- Денеска е „Денот Д“ – Пелистер игра за финале
- Лино Червар и официјално нов тренер на Еурофарм Пелистер





