Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: на грчки државјанин одземен “голф 7“, нападната сопруга, пронајдени гранати

На 31.01.2021 во СВР Битола, Г.И.(31), државјанин на Република Грција, пријавил дека на бул.„1 Ви Мај“ во Битола му било одземено неговото патничко возило „фолксваген голф 7“ со швајцарски национални ознаки. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 31.01.2021 во СВР Битола, 40-годишна жена од Битола пријавила дека била физички
нападната од нејзиниот сопруг. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 31.01.2021 во СВР Битола било пријавено дека на место викано „Поранешна касарна“ во Битола биле пронајдени стари гранати. Од страна на пиротехничар од Дирекцијата заштита и спасување безбедно биле подигнати 31 артилериска граната калибар 75 мм од Првата светска војна .