Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 678 тестирања, а регистрирани се 61 случај со Ковид-19 во Македонија,а во Битола денес нема нови позитивни на корона вирус.
Денес се регистрирани се 440 оздравени пациенти од кои од Битола се оздравени 18 лица.
Со денешните бројки во Битола до сега има регистрирано 3.231 лица кои биле или се позитивни на ковод-19, а активни се 153 случаи.
Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 92.753, бројката на оздравени пациенти е 82.121, на починати е 2.866, а бројот на активни случаи изнесува 7.766.






